Црвена звезда ја очекува целосна реконструкција на тимот за следната сезона, откако Огњен Кузмиќ го договори својот следен трансфер, и тоа во редовите на Реал Мадрид. Шпанскиот весник „Ас“ објави дека Кузмиќ веќе се договорил со шпанскиот кошаркарски гигант, а српските медиуми потврдуваат дека центарот нема намера да остане во Белград и веќе ги договорил личните услови со „кралевите“.
За реализација на трансферот неопходно е уште клубовите да најдат заеднички јазик околу отштетата, но тоа не би требало да биде проблем со оглед на фактот дека Кузмиќ во договорот има неколку клаузули за раскин на договорот што може да се искористат доколку преговорите премногу се одолговлечат.
Само за потсетување, шампионот на АБА-лигата претходно го напуштија и Симоновиќ, Џенкинс, Јовиќ и Митровиќ, се најавува и заминување на Дангубиќ, а тренерот Радоњиќ веќе најави дека нема да седи на клупата на „црвено-белите“ во следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)