Во Брисел велат дека не треба да се пропуштаат прес-конференциите на првиот човек на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.
Неговите изјави и одлуки се значајни, но главната причина е духовитоста на Јункер и неговата опуштеност кога зборува пред јавноста не држејќи се секогаш до дипломатскиот речник и правила.
По средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо двајцата, заедно со словачкиот комесар Марош Шефчович, излегоа поред новинарите да го соопштат резултатот од разговорот.
Додека тројцата зборуваа за мигрантската политика, Јункер ја става раката во џебот и го вади мобилниот телефон:
„Извинете, жена ми ме бара“.
Но, потоа погледнува во телефонот и вели:
„А не, ова беше г-ѓа Меркел“.
Прес-конференцијата и словачкиот гостин во тој момент му се видеоа поважни од Меркел, па не ѝ крена слушалка на германската канцеларка.
Јункер не се колеба на шега да каже што навистина мисли. Сите се сеќаваат на неговите зборови упатени до унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го поздрави со зборовите: “Здраво, диктаторе!”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)