| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвори небото-големо невреме во Истанбул, автомобили пловат по улиците!

Најмалку две лица се повредени во силното невреме, проследено со пороен дожд, кое попладнево го погоди турскиот град Истанбул.

Надојдената вода носеше автомобили по улиците, предизвика прекин на градскиот сообраќај, како и откажување на летови на Меѓународниот аеродром „Ататурк“. Запрен беше и поморскиот сообраќај, а некои жители на Истанбул со гумени чамци пловеа по поплавените булевари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top