| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Српски кошаркар заврши на паркетот со расцепена глава

Членот на српската кошаркарска репрезентација, Милан Мачван, долго ќе го памети вчерашниот натпревар на својот Галатасарај против Банвит во финалето од турскиот плејоф откако по еден силен дуел со сонародникот Владимир Штимац изгуби рамнотежа и со сета сила удри со главата на паркетот по што остана да лежи облеан во крв.

Инцидентот се случи на почетокот од вториот период, а од снимката се гледа дека Мачван не се онесвести, но дека беше дезориентиран од силниот удар поради што со помош на Штимац и на соиграчите беше пренесен во соблекувалната откако прво му беше преврзана главата.

Србинот веднаш беше сошиен со дури седум копчиња по што на сопствена одговорност реши да се врати на паркетот во второто полувреме и да даде свој придонес во победата на Галата со 80-66 за 2-0 во финалната плејоф-серија што се игра до четири победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top