| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се откажува од јазикот, историјата и од суверенитетот

Исто ка­ко на филм­ски­от жур­нал од 1942 го­ди­на за по­тре­би­те на фа­ши­стич­ка Бу­га­ри­ја од це­ре­мо­ни­ја­та за „обе­ди­ну­ва­ње“ на Ма­ке­до­ни­ја и на Бу­га­ри­ја сре­де скоп­ски­от пло­штад, се­га За­ев за Илин­ден ор­га­ни­зи­ра це­ре­мо­ни­ја на ко­ја ѝ се доз­во­лу­ва на Бу­га­ри­ја да ги пи­шу­ва ма­ке­дон­ски­те учеб­ни­ци, да ги вос­пи­ту­ва де­ца­та, да ја заб­лу­ди јав­но­ста пре­ку кон­тро­ла на ме­ди­у­ми­те, да ги цен­зу­ри­ра не­пос­луш­ни­те. Два­е­сет и шест исто­ри­ча­ри, до­кто­ри по исто­ри­ски на­у­ки и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри се спро­тив­ста­ву­ва­ат на оби­ди­те за ре­де­фи­ни­ра­ње и за фал­си­фи­ку­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, чи­ја­што ко­неч­на цел е уни­шту­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја

До­го­во­рот е лош. До­го­во­рот е ма­ни­пу­лант­ски. До­го­во­рот е не­до­бро­со­сед­ски. До­го­во­рот е на­вред­лив. До­го­во­рот е аси­ми­ла­тор­ски. До­го­во­рот е ка­пи­ту­лант­ски.

До­го­во­рот што Зо­ран За­ев при­фа­ти да го пот­пи­ше та­ков ка­ков што е, без ни­ка­ква из­ме­на, е сѐ, са­мо не во на­со­ка на гра­де­ње до­бро­со­седс­тво. До­го­во­рот е тол­ку лош и на­ви­дум „општ“ што ни­ту За­ев лич­но на пре­зен­та­ци­ја­та не сме­е­ше (а, мо­же­би, и са­ми­от не знае што) да гуг­не за не­го­ва­та со­др­жи­на. И – ла­же. Из­ла­жа за ко­ми­си­ја­та за обра­зо­ва­ние, из­ла­жа за ко­ми­си­ја­та за ме­ди­у­ми. Из­ла­жа и де­ка до­го­во­рот е не­об­вр­зу­вач­ки и де­ка би го пре­ки­нал! Не мо­ра да го пре­ки­ну­ва. Не­ка не го пот­пи­шу­ва! Ама не – За­ев, се­пак, е за­до­во­лен од до­го­во­рот. Де­лум­но, ама за­до­во­лен.

Це­ло вре­ме, до пот­пи­шу­ва­ње­то, За­ев не смог­на си­ли да за­ста­не ка­ко маж и да ка­же што до­го­во­рил. Се прав­да­ше на опо­зи­ци­ја­та, се ва­де­ше де­ка и тие ра­бо­те­ле на до­го­во­рот, за по­тоа да не ги по­чи­ту­ва нив­ни­те за­бе­ле­шки, се оби­де да ја пре­фр­ли топ­ка­та на пар­ла­мен­тот, за да се пот­пи­ра по­тоа на ра­ти­фи­ка­ци­ја врз гла­со­ви­те на ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци, се крие зад кла­у­зу­ла­та за пре­ки­ну­ва­ње на до­го­во­рот, иа­ко на тоа во­оп­што не по­мис­лу­ва. Са­мо до­го­во­рот да му по­ми­не, а по­тоа ра­бо­та­та ќе ја пре­зе­ме „ми­ни­стерс­тво­то за ви­сти­на“.

За­ев по­ве­де це­ла ед­на ма­ке­дон­ска вла­да, спро­тив­но на ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, спро­ти се­та јав­ност, па и спро­тив­но на сопс­тве­на­та пар­ти­ја, по па­ме­тот на Бу­гар­ка­та Ека­те­ри­на За­ха­ри­е­ва, по­ка­жу­вај­ќи ја сво­ја­та ма­ри­о­нет­ска по­зи­ци­ја. Таа му по­ра­ча де­ка тек­стот е за­тво­рен, де­ка до­го­во­рот е за ка­би­не­тот на За­ев, не за на­ро­дот, и за не­го тоа бе­ше пос­лед­но. Не­ма си­ла да ѝ се спро­тив­ста­ви, да ѝ ка­же де­ка по­стои ма­ке­дон­ски на­род со свој ма­ке­дон­ски ја­зик, кој не е бу­гар­ски „ди­ја­лект“, од­де­лен по­ра­ди Уста­вот, на­род со исто­ри­ја во ко­ја Бу­га­ри­те учес­тву­ва­ат ка­ко оку­па­то­ри, кои го гме­че­ле ма­ке­дон­ски­от на­род за на­си­ла да го аси­ми­ли­ра­ат, но не ус­пе­а­ле во тоа. Тој не ги по­чи­ту­ва за­бе­ле­шки­те на јав­но­ста. Се ва­де­ше во Скоп­је, исто ка­ко и во Со­фи­ја, со про­да­ва­ње фло­ску­ли за по­лу­пол­на ча­ша, иа­ко ре­а­та што из­ви­ра од неа ќе ги отруе обра­зо­ва­ни­е­то, ме­ди­у­ми­те, јав­но­ста, ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја.

За За­ев не е спор­но тоа што „До­бро­со­сед­ски од­но­си ќе раз­ви­ва­ат на­ро­ди­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја“, при­тоа наг­ла­се­но „имај­ќи ја пред­вид за­ед­нич­ка­та исто­ри­ја што ги по­вр­зу­ва две­те др­жа­ви и нив­ни­те на­ро­ди“.

За За­ев не е спор­но тоа што „Ма­ке­до­ни­ја по­твр­ду­ва де­ка ни­што од неј­зи­ни­от Устав не мо­же и не тре­ба да се тол­ку­ва… со цел за­шти­та на ста­ту­сот и на пра­ва­та на ли­ца што не се др­жав­ја­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“ со што диг­на ра­це од гри­жа­та за ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво во Бу­га­ри­ја.

За За­ев не е спор­но тоа што Бу­га­ри во „мул­ти­дис­цип­ли­нар­на екс­перт­ска ко­ми­си­ја за исто­ри­ски и обра­зов­ни пра­ша­ња“ ќе „при­до­не­су­ва­ат“ за „об­је­ктив­но и зас­но­ва­но на автен­тич­ни и на до­ка­зи зас­но­ва­ни исто­ри­ски из­во­ри, на­уч­но тол­ку­ва­ње на исто­ри­ски­те на­ста­ни“, а за тоа ед­наш го­диш­но ќе му под­не­су­ва­ат из­ве­штај. Тој, ве­ли За­ев, не би бил об­вр­зу­вач­ки за не­го. Тол­ку не­об­вр­зу­вач­ки, кол­ку што збо­рот на За­ха­ри­е­ва де­ка „до­го­во­рот е за­тво­рен“ за За­ев не зна­че­ше крај на ди­ску­си­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја.

Исто ка­ко на филм­ски­от жур­нал сни­мен во 1942 го­ди­на за по­тре­би­те на фа­ши­стич­ка Бу­га­ри­ја, од це­ре­мо­ни­ја­та за „обе­ди­ну­ва­ње“ на Ма­ке­до­ни­ја и на Бу­га­ри­ја сре­де скоп­ски­от пло­штад, на­сил­но на­ре­чен „Цар Бо­рис Тре­ти“, се­га За­ев за Илин­ден ор­га­ни­зи­ра це­ре­мо­ни­ја на ко­ја ѝ се доз­во­лу­ва на Бу­га­ри­ја да ги пи­шу­ва ма­ке­дон­ски­те учеб­ни­ци, да ги вос­пи­ту­ва де­ца­та, да ја заб­лу­ди јав­но­ста пре­ку кон­тро­ла на ме­ди­у­ми­те, да ги цен­зу­ри­ра не­пос­луш­ни­те.

А не­пос­луш­но­ста рас­те. Два­е­сет и шест исто­ри­ча­ри, до­кто­ри по исто­ри­ски на­у­ки и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри се спро­тив­ста­ву­ва­ат и ги отфр­ла­ат оби­ди­те за ре­де­фи­ни­ра­ње, про­ме­на и за фал­си­фи­ку­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, чи­ја­што ко­неч­на цел, спо­ред нив, е уни­шту­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја со си­те неј­зи­ни иден­ти­тет­ски обе­леж­ја.

„Ис­пра­ве­ни пред ко­неч­на­та раз­реш­ни­ца на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње, ко­ја мо­же да би­де со ка­та­стро­фал­ни пос­ле­ди­ци за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и за ма­ке­дон­ски­от на­род, ние, ка­ко ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци, исто­ри­ча­ри, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри, остро се спро­тив­ста­ву­ва­ме на оби­ди­те за про­ме­на на ве­ков­но­то исто­ри­ско име на на­ша­та др­жа­ва – Ма­ке­до­ни­ја. Се спро­тив­ста­ву­ва­ме и ги отфр­ла­ме оби­ди­те за ре­де­фи­ни­ра­ње, про­ме­на и за фал­си­фи­ку­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја – чи­ја­што ко­неч­на цел е уни­шту­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја со си­те неј­зи­ни иден­ти­тет­ски обе­леж­ја“, пи­шу­ва во обра­ќа­ње­то на исто­ри­ча­ри­те, кои ги по­ви­ку­ва­ат ма­ке­дон­ска­та јав­ност и си­те оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки фа­кто­ри во Ма­ке­до­ни­ја да за­ста­нат во од­бра­на­та на устав­но­то име, ма­ке­дон­ски­от ја­зик и на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја.

„Ка­ко ин­те­ле­кту­ал­ци ги по­ви­ку­ва­ме вла­ста и опо­зи­ци­ја­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја да по­стиг­нат единс­тво за ма­ке­дон­ски­те др­жав­ни и на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си и да при­ста­пат кон изра­бо­ту­ва­ње ма­ке­дон­ска др­жав­на стра­те­ги­ја во ко­ја јас­но ќе би­дат де­фи­ни­ра­ни стол­бо­ви­те на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност за кои ќе не­ма ни­ка­кви пре­го­во­ри“, пи­шу­ва во пис­мо­то пот­пи­ша­но од 26 исто­ри­ча­ри, ме­ѓу кои Ви­о­ле­та Ач­ко­ска, То­дор Че­пре­га­нов, Ни­ко­ла Же­жов, Ми­хај­ло Ми­нов­ски, Але­ксан­дар Стој­чев, Но­ви­ца Вел­ја­нов­ски…

 

Исто­ри­ја­та на ре­ви­ди­ра­ње, ме­ди­у­ми­те низ фил­тер

За­ев ду­ри и се ос­ме­ли при очи да ја зас­ле­пи јав­но­ста де­ка де­лот од до­го­во­рот што се од­не­су­ва на пре­зе­ма­ње „ефи­кас­ни мер­ки за спре­чу­ва­ње не­до­бро­на­мер­на про­па­ган­да од ин­сти­ту­ции, аген­ции или при­ват­ни суб­је­кти“, не­ма да би­де зло­у­по­тре­бен од бу­гар­ска стра­на да се ба­ра таа ефи­кас­ност да пре­рас­не во чи­ста цен­зу­ра за сѐ што ќе го сме­та­ат за „не­до­бро­на­мер­на про­па­ган­да“, а ќе се од­не­су­ва ток­му за исто­ри­ски­те и дру­ги фа­кти што ја по­ка­жу­ва­ат и до­ка­жу­ва­ат ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност, но и бу­гар­ска­та фа­ши­стич­ка по­ли­ти­ка во исто­ри­ја­та и се­га, кон ма­ке­дон­ски­от на­род со свои осо­бе­но­сти.

Тоа што За­ев го истак­ну­ва де­ка ќе би­ло са­мо „огра­ду­ва­ње“ на вла­ста од но­ви­нар­ски­от израз, за Бој­ко Бо­ри­сов вед­наш зна­чи дру­го.

– Оче­ку­ва­ме вед­наш по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот Скоп­је да пре­зе­ме ак­ци­ја за пре­ки­ну­ва­ње на ан­ти­бу­гар­ска­та про­па­ган­да и го­во­рот на омра­за – по­ра­ча Бо­ри­сов на вла­ди­на сед­ни­ца во Со­фи­ја, а сте­но­гра­ми­те за­вр­ши­ја во ме­ди­у­ми­те.

Еден ден пред пре­не­су­ва­ње­то на оваа из­ја­ва, со­фи­ски­те ме­ди­у­ми ма­са­кри­раа ко­лум­на об­ја­ве­на во „Ре­пуб­ли­ка“, со оце­на де­ка е „Ан­ти­бу­гар­ски ма­ке­дон­ски ме­ди­ум, со гр­ди на­па­ди про­тив Бо­ри­сов и За­ха­ри­е­ва“, а за „ан­ти­бу­гар­ско рас­по­ло­же­ние“ се по­со­чу­ва­ат де­ло­ви во кои авто­рот, ме­ѓу дру­го­то, ве­ли де­ка „За нив (За­ха­ри­е­ва и Бо­ри­сов н.з.) не по­стои од­дел­на ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­на исто­ри­ја. За нив по­стои са­мо за­ед­нич­ка бу­гар­ско-ма­ке­дон­ска исто­ри­ја, ко­ја, со ог­лед на не­приз­на­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­род, на ја­зи­кот и на кул­ту­ра­та и на тра­ди­ци­и­те, спо­ред нив, всуш­ност, е бу­гар­ска исто­ри­ја за ко­ја, ка­ко што ре­че ми­ни­стер­ка­та За­ха­ри­е­ва, по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот ‘ќе се пи­шу­ва­ат но­ви учеб­ни­ци врз ос­но­ва на на­уч­ни­те фа­кти’“.

Де­лот, па и це­ли­от текст што е по­со­чен во бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми јас­но ука­жу­ва што ќе би­де за­да­ча на ко­ми­си­ја­та за ре­ви­ди­ра­ње на исто­ри­ја­та и на учеб­ни­ци­те и за спре­чу­ва­ње „не­при­ја­тел­ска про­па­ган­да. За­ха­ри­е­ва уште од по­се­та­та на За­ев ги брои тек­сто­ви­те во ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми. От­ту­ка не е те­шко да се прет­по­ста­ви ка­кви за­да­чи од За­ха­ри­е­ва, пре­ку За­ев, ќе до­би­ва ка­би­не­тот на Ро­берт По­пов­ски. По­крај на пла­си­ра­ње­то ве­сти за „по­лу­пол­ни“ ча­ши за до­бро­то на на­ро­дот од до­го­во­рот и при­до­би­вки­те од „до­бро­со­седс­тво­то“, ќе се вр­ши ма­са­кар во ма­ке­дон­ски­от ја­вен ме­ди­ум­ски про­стор. А во ма­са­кри­ра­ње­то ве­ќе се дла­бо­ко за­га­зе­ни. Од по­че­то­кот на ју­ли по­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми се со­о­чу­ва­ат со ти­вко убис­тво на нив­ни­от глас, со оп­струк­ции да би­дат пла­си­ра­ни ин­фор­ма­ции до по­ши­ро­ка пуб­ли­ка, за­ка­ни и при­ти­со­ци во се­којд­нев­но­то ра­бо­те­ње, во ди­стри­бу­ци­ја­та и ко­му­ни­ка­ци­ја­та со јав­но­ста. Во­оп­што не е из­не­на­ду­ва­ње и овие оп­струк­ции да про­из­ле­гу­ва­ат „шол­ја­та ка­фе“ на За­ха­ри­е­ва и на Ди­ми­тров, ка­ко „по­да­де­на ра­ка“ од Скоп­је.

 

Илин­ден 2017 го­ди­на

Овој број на „Ре­пуб­ли­ка“ се под­го­тву­ва во пре­срет на нај­го­ле­ми­от ма­ке­дон­ски праз­ник, Илин­ден, праз­ник – гор­дост на Ма­ке­до­ни­ја, па ду­ри и праз­ник во кој се со­др­жи неј­зи­ни­от иден­ти­тет, ка­ко праз­ник на ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, праз­ник на ма­ке­дон­ска­та по­све­те­ност кон сло­бо­да и не­за­вис­ност, праз­ник на ма­ке­дон­ска­та из­држ­ли­вост, праз­ник на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност, праз­ник на си­те ка­ра­кте­ри­сти­ки со кои се иден­ти­фи­ку­ва ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја.

Све­ти Или­ја, Илин­ден, со ве­ко­ви за Ма­ке­дон­ци­те не е са­мо го­лем вер­ски праз­ник. На Илин­ден Ма­ке­до­не­цот ја чес­тву­ва сло­бо­да­та и се­кој во се­бе ја чув­ству­ва зак­ле­тва­та „Смрт или сло­бо­да за Ма­ке­до­ни­ја“. Во пре­срет на овој Илин­ден, Ма­ке­до­не­цот е по­втор­но ис­пра­вен пред исти­те ве­ков­ни пре­диз­ви­ци. И во­оп­што не е слу­чај­но ин­си­сти­ра­ње­то та­ка­на­ре­че­ни­от до­го­вор за до­бро­со­седс­тво да би­де пот­пи­шан на Илин­ден.

До­бро­со­седс­тво­то и ка­ко до­ку­мент што се пот­пи­шу­ва се од­не­су­ва на на­ро­ди­те, не на ин­сти­ту­ци­и­те. Да се од­не­су­ва са­мо за вла­ста не­ма За­ев до крај да ба­ра под­др­шка од опо­зи­ци­ја­та во пар­ла­мен­тот. А до­кол­ку е до­ку­мен­тот до­бар, со не­го не­ма да се не­ги­ра ед­на на­ци­ја, неј­зи­на­та по­себ­ност и да ба­ра цен­зу­ра над ме­ди­у­ми­те и за­мол­чу­ва­ње на гла­сот на кри­тич­ка­та јав­ност.

„На де­нот на све­ти Или­ја, сим­бо­лот на ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, на За­ев му е ор­га­ни­зи­ра­но да ги пре­да­де ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, да се отка­же од ма­ке­дон­ско­то нас­ледс­тво, од ма­ке­дон­ски­от на­род и во Ма­ке­до­ни­ја и во со­седс­тво­то. Се­та ма­ке­дон­ска исто­ри­ја е по­вр­за­на со тој свет ден и на тој ден е по­са­ку­ва­но да за­вр­ши. Да се ста­ви точ­ка на Вто­ри август. Да не се сла­ви, да се за­мра­зи, да се вр­зе со пре­дав­ство, да бу­ди срам, га­де­ње, на­гон за по­вра­ќа­ње. Ме­сто на­ци­о­нал­на гор­дост, Вто­ри август да би­де чи­ви­ја во ѓо­нот, ко­ја ќе бо­де на се­кој обид за ис­пра­ва­ње на ’кич­ма­та‘“. („Ре­пуб­ли­ка“ бр 251, 23 ју­ни 2017)

И кол­ку и да е цел на бу­гар­ска цен­зу­ра, па и во дос­лух со до­маш­ни со­ра­бот­ни­ци, „Ре­пуб­ли­ка“ ќе про­дол­жи со пре­не­су­ва­ње на ви­сти­на­та. За Ма­ке­до­ни­ја, Ма­ке­дон­ци­те, за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си не по­стои ча­ша што би се гле­да­ла, ни­ту пот­пи­шан до­го­вор што де­лум­но за­до­во­лу­ва.

Ни­ед­на бу­гар­ска цен­зу­ра не го со­пре­ла ма­ке­дон­ски­от глас. Ни­ед­на на­ло­же­но искри­ву­ва­ње на ви­сти­на­та не нав­лег­ло во ни­чи­ја тра­ди­ци­ја. Ни­е­ден до­ку­мент не­ма да го сме­ни тоа. Ка­ко и фа­ктот де­ка Илин­ден е ма­ке­дон­ски и ни­чиј друг.

Не­ка ни е че­стит Илин­ден, Ма­ке­дон­ци!

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 256. број на неделникот „Република“, 28.7.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top