| четврток, 6 декември 2018 |

„Рејв проект: Техно“ вечерва на Штипско културно лето (видео)

Како дел од Штипско Културно Лето, вечерва (четврток, 27 јули) со почеток од 21:00 часот на летната сцена во Дом На Млади – Штип ќе се одржи третото издание на RAVE со проект: Техно.
За достигнувањето на RAVE левелот ќе се погрижат добро познати македонски техно артисти: Moonshine, Ninno Mancini, Nennat Omen и B Mexx.
RAVE е музички проект-иницијатива на млади кои детектираат недостаток на културни музички настани во опшеството. RAVE својата цел ја остварува со помош и подршка на домашни DJ и артисти кои се трудат и успешно работат со музиката.
Првиот настан се одржа во април под проект: Drum & Bass а вториот во мај под проект Trap & Dubstep. Планирани се жанрови за кои владее недостиг кај Македонската публика, а се ротираат на месечно ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top