Фудбалерите муслимани во Њукасл ќе си заминат од клубот, ако името на новиот спонзор „Вонга“ остане на дресовите на тимот од Англија. Сенегалецот Папис Сисе прв се побуни и не сака да остане во клубот, ако работите не се сменат. „Вонга“ е кредитна куќа што нуди заеми и кредити со камата, што во муслиманскиот свет е недозволено. Таму каматите се забранети и затоа Сисе и уште неколку играчи протестираат.
Раководството на Њукасл бара чаре од ситуацијата, а можно е Сисе, Бен Арфа и уште неколкумина играчи од муслиманска вероисповест да не го носат логот на „Вонга“ на дресовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



