Во рамките на интернационалната Лига на шампиони, која се игра во САД, фудбалерите на Манчестер Сити славеа убедлива победа против Реал Мадрид со 4-1 (0-0). Натпреварот се одигра пред полни трибини во Лос Анџелес, а „кралевите“ настапија без Кристијано Роналдо, кој сè уште е на одмор.
Во првиот дел, напаѓачите не беа расположени, но затоа во продолжение навивачите на трибините видоа дури пет гола. „Граѓаните“ поведоа со голот на Отаменди во 52. минута, а седум минути подоцна веќе беше 2-0, откако погоди Стерлинг.
До крајот за Манестер Сити погодија и Стоун и Диаз, а почетниот погодок за „кралскиот клуб“ го постигна младиот Оскар во 91. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)