Околу шест хектари површина е зафатена од пожарот во атарот на селото Требовље-Македонски Брод, кој настанал завчера, а се уште не бил локализиран вчера и поради силниот ветер е активен и се шири, соопшти МВР.
– Од пожарот се зафатени околу пет до шест хектари приватен и државен имот. Од страна на екипи од ШС-Сандански, Македонски Брод, Противпожарна единица и два авиона ангажирани преку Дирекција за заштита и спасување и Општина Македонски Брод, се преземаат мерки за гаснење на пожарот, се наведува во билтенот од МВР.
Се уште бил активен и пожарот над браната „Козјак“, кој заради силниот ветер, се шири и има можност да го зафати селото Луковица-Општина Желино. Се преземаат мерки за негово гаснење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.