30- годишниот Бојан Угреновиќ , српскиот државјанин обвинет за убиство на охриѓанецот Димитар Матилоски ланската новогодишна ноќ, повеќе не се смета за виновен за кривичното дело што му се става на товар.
Тој на денешното прво рочиште од повторениот судски процес пред Охридскиот основен суд се произнесе невин за стореното дело.
Претседавачот со Судскиот совет судијата Весна Кичеец потоа го одложи рочиштето за септември, кога искази треба да дадат сведоци по случајот.
Изјавата на обвинетиот е дијаметрално спротивна на онаа дадена во првото судење на 15 декември минатата година, кога го призна делото и изрази каење и жалење за последиците од инцидентот кога смртно беше претепан 27-годишниот Матилоски пред кафе бар во центарот на Охрид.
Тогаш судот го осуди Угреновиќ на казна затвор во времетраење од 16 години, која подоцна беше поништена од Апелацискиот суд во Битола поради забелешки, а предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија