На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет каде во тек е амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2017 година, свое излагање имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во врска со амандманот за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ во Битола, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со овој амандман предлагаме 150 милиони денари за изградба на планинарскиот дом Копанки на Пелистер бидејќи тоа е култно место и нешто што значи икона на градот Битола како што имаат повеќе градови во Пелагонијата – истакна Димитар Стеванџија од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се масакрираат и се кратат огромни средства кои претходно беа предвидени за разни проекти за Битола, Прилеп и други градови од Пелагонијата.
-Исто така морам да истакнам дека со овој ребаланс уништувате многу икони на градовите, исто така ги укинавте средставата и за Прилепската стара чаршија, средствата за култниот театар во Прилеп. На еден начин со овој ребаланс ги масакриравте и Прилеп и Битола се со цел да ги задоволите апетитите на сите оние кои што учествуваа во Шарената револуција денес да бидат директори. Денес може да констатираме дека имаме Шарена влада, а не влада на СДС- рече Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со амандманот Стевананџија истакна дека како прилепчанец, има обврска да даде поддршка за изградба и реализација на планинарскиот дом Копанки, но исто така и упати апел кон пратениците на СДСМ од Битола да го изгласаат овој амандман во интерес на граѓаните.
-По овој амандман можам да истакнам дека како прилепчанец кој што го поддржува овој битолски амандман од моите колеги, е апелот кон колегите од Битола Васко Ковачевски и Мира Стојчевска да го поддржат во интерес на граѓаните. Дојде „животот“, вие раководите со буџетот, вие раководите со финансиите, вие раководите со проектите, видовме како функционирате овие 60 дена, супер сте, резултатите ќе дојдат на локалните избори, каде ќе доживеете крах – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, тој истакна дека благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Битола, овој проект е 99% готов и дека сега се чека само одобрение од новата влада предводена од СДСМ.
-Благодарение на грижата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Битола успеа да го легализира овој планинарски дом кој во 2013 година беше целосно изгорен, обезбеди средства, направи проект, а сега само треба да се донесе одлука на влада и уште утре да почне да се гради планинарскиот дом Копанки- заврши Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)