| четврток, 6 декември 2018 |

Пол-позицијата во Канада за шампионот Фетел

Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата Награда на Канада. Фетел ја потврди одличната форма на денешните квалификации, во кои ги искористи променливите временски услови и се избори за првата стартна позиција во Монтреал.

Германецот делуваше импресивно, беше најдобар и за време на вториот квалификациски циклус, па на крајот сосема заслужено оствари најдобар резултат.Зад него на стартно-целната рамнина утре ќе биде Луис Хамилтон од Мерцедес ГП, додека како третопласиран утрешната трка ќе ја почне Финецот Валтери Ботас.

Победникот од Монако, Нико Розберг, овојпат ќе стартува од четвртата позиција, пред Марк Вебер и Фернандо Алонсо, а за одбележување е дека Фелипе Маса повторно се соочи со големи проблеми за време на квалификациите. Бразилецот излета од патеката и го оштети својот болид. Утрешната трка тој ќе ја почне од 16. позиција, со мали шанси во битката за висок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top