Федерико Бернардески не ги криеше емоциите во своето прво интервју како играч на Јувентус. Италијанецот ја напушти Фиорентина, а денес беше претставен како ново засилување за „старата дама“ вредно 42 милиони евра, па истакна дека бил пријатно изненаден од неговиот пречек, односно топлото „добредојде“ кое му го посакаа фановите кои го чекаа пред медицинскиот центар на Јувентус.
– Чувствувам премногу емоции околу мене. Морам да истакнам дека бев пријатно изненаден колку луѓе дојда да ми посакаат добредојде. Веднаш ја почувствував страста кон овој клуб, со нетрпение чекам да го облечам црно-белиот дрес и да почнам да ја возвраќам поддршката од навивачите на теренот. Сакам што поскоро да се придружам на моите нови соиграчи – изјави Бернардески.
Репрезентативецот на „аѕурите“ го истакна и своето задоволсто што ќе соработува со Буфон: „Секогаш велев дека Буфон е пример за сите, како во Јуве, така и во репрезентацијата. Џиџи е освојувач на Светското првенство, а јас сум среќен што ќе ми биде капитен и во Јувентус, и во националниот тим“, додаде Бернардески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.