Со решение од министерот за култура е разрешен директорот на НУ Драмски театар, Роберт Вељановски. Тој на својот профил на „Фејсбук“ напиша: „Ете, животот најпосле дојде и во Драмски!“
-Утрово стаса Решението потпишано од Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, со кое сум разрешен од функцијата Директор на НУ Драмски театар Скопје. Во оваа свечена пригода , би сакал да им се заблагодарам за соработката на сите вработени во Драмски! Особено би сакал да им се заблагодарам на сите тие што повеќе од четири години несебично се обидуваа да ме оцрнат и да ме соборат. Вие ме правевте поцврст, похрабар и порешителен! За ова вистински сум ви благодарен!
– На сите тие што пред мене се лигавеа, а зад мене говореа сè и сешто. Обично, невистини! Вам сум ви благодарен затоа што вие ми покажувавте дека сум на вистинскиот пат!
– На сите тие што вистински и несебично ми помагаа и ме поддржуваа! Вам од срце ви благодарам и ви се поклонувам до земја!!!
На крајот, на новиот в.д. директор му посакувам плодна и успешна работа!
Да живее Драмски! – напиша Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.