| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна бомбата во Штип (видео)

Силна експлозија и облак прашина од детонација на бомбата тешка 250 килограми со експлозивно полнење од 160 килограми ТНТ.
25 денови бомбата стоеше на отворено, откако беше пронајдена при ископ на темелите на новиот погон на фабриката за автобуски делови Ван Хол.
Контролираната експлозија која ја извршија припадници на АРМ во соработка со стручни пиротехничари не предизвика никакви материјални штети по околните објекти.
АРМ се одлучи за детонирање со опшивање на бомбата со динамит чија експлозивна моќ е насочена кон проектилот, со што двете полнења се неутрализираат едно со друго.
– Тимовите на АРМ извршија приспособување на пронајдената локација во фугаса со длабочина од 4 метри и ширина од 2 метри, со цел да се намалат ефектите од површинска екплозија-изјави Љупчо Георгиевски, припадник на АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top