| четврток, 6 декември 2018 |

Путин подготвува нова свадба?

Рускиот Претседател Владимир Путин по разводот од неговата жена Људмила со која речиси 30 години беше во брак, наскоро би можел повторно да стапне на „лудиот камен“, со триесетгодишната Алина Кабаева.

Ова го тврдат блогерите во Русија, чии граѓани се шокирани од одлуката на Путин, иако оваа држава е рекордер по бројот на разводи во светот. Повеќе од половина бракови во Русија завршуваат со развод, но разводот на еден руски лидер од својата брачна партнерка е навистина реткост.

349340_alina-kabajeva-03afpfoto-sergei-chirikov_f

Дмитриј Песков, прес секретарот на рускиот Претседател и понатаму тврди дека во животот на Владимир Путин нема друга жена, но лично Владимир и Људмила објавија дека нивниот брак е завршен во интервју за телевизијата „Русија 24“ откако заедно го проследија балетот „Есмералда“ на сцената на Бољшој театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top