| четврток, 6 декември 2018 |

Во Африка најопасно е да си навивач

Африканците се страсни љубители на фудбалската игра, квалитетот на најважната споредна работа на светот, на најсиромашниот континент, постојано расте, а се повеќе има и публика на натпреварите. Сепак, голем дел од стадионите се стари, небезбедни, па се случуваат и инциденти и стампеда во кои се губат и животи.

 

Во Јаунде, Камерун, приказната е поинаква, интересна, што само покажува колку се сака фудбалот во Африка. Навивачи качени на највисоката точка на стадионот, следат натпревар од квалификациите за СП во Бразил 2014 година. Опасно е само да се погледне сликата, најхрабрите се сигурно на повеќе од 100 метри височина, а со оглед на речиси правиот агол на трибината, навистина изгледа застрашувачки. Но, тоа е Африка, таму се случуваат и најнеобичните нешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top