| четврток, 6 декември 2018 |

Митoвска: Вие кои фрлавте боја против својата историја зборувате за почит кон борците

Навистина не знам зошто сте поднесувале амандман на нешто што e веќе влезено во буџетот или како и секогаш досега, научени сте да работите површински и популистички, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска на денешната амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет, на која се резгледуваат амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот за 2017 година.

– Јас не слушнав дека министерот рече дека има пари за овие 34 општински организации на Сојузот на борци. Министерот е тука, нека ме демантира ако грешам, јас разбрав дека пари требало да има во Буџетот, ама досега не биле одвојувани за Сојузот на борци. Сега вие кажувате дека имате пари во буџетот. Ако имало пари во буџет, зошто сте поднесувале амандман – рече Митовска.

Митовска забележа дека овој амандман е истиот амандман што го поднеле веќе пратениците на СДС.

Имало – немало ние ќе бараме. Имало – немало вие си ветувате. До кога, колешке Милева – Геогиева? И кога сте опозиција и кога сте власт, само празен популизам. Значи ова е амандман што го вие имате предложено и еве сега можност да добиете поддршка од наша страна и да го донесеме амандманот да биде прифатен. Да им овозможиме на Сојузот на борци. Па, луѓето беа дел од вашите протести, колешке Милева – Георгиева. Беа дел од вашите протести и затоа вие поднесовте амандман. За да добиете гласови ништо друго. Барем сега оддолжете им се на луѓето. Еве ви можност. Дајте поддршка и готово, завршена работа. И самата споменавте и јас споменав, потребни им се средства за да можат нормално да функционираат.

Митовска им се обрати на пратениците на СДСМ и посебно потенцираше дека се разликуваат од нив, кои фрлале боја по спомен-обележјата на борците.

– И да, колешке Милева-Георгиева, за разлика од вас, не мислам лично на вас, зборувам на сите кои бевте дел од протестите кои ги уништувате, немилосрдно ги уништувавте спомен-обележјата. Нашите историски споменици. Фрлавте боја по нив. За разлика од вас Сојузот на борци го обележува секој празник, носи цвеќе и се поклонува пред загинатите борци. Се поклонуваме и ние за разлика од вас кои фрлавте со боја и бекатон-плочки. Фрлавте против својата историја и вие зборувате за почит кон Сојузот на борци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top