Ѕвездата на хит серијата „Сексот и градот“ реши идната година да лансира сопствена линија на чевли што ги креирала во соработка со директор на компанијата „Manolo Blahnik“. Благодарение на улогата на Кери Бредшо, обожавателка на обувките на Бланик во серијата, холивудската актерка Сара Џесика Паркер стана синоним за брендирани чевли. Затоа, не беше изненадување кога таа реши да лансира сопствена колекција.

Колекцијата „SJP“, засега, ќе се продава само во САД, а цените ќе се движат од 200 долари за балетанки со 700 долари за чанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


