| четврток, 6 декември 2018 |

Вљубени до уши: Џенифер Лопез го прослави роденденот (Видео)

Алекс Родригез и Џенифер Лопез ја започнаа својата роденденска недела со масовна прослава во Мајами. Пејачката и бејзбол играчот се појавија на местото на прославата по повод роденденот на Лопез во саботата вечер будно следени од бројни папараци.

Џенифер, која наполни 48 години во понеделникот, беше облечена во секси проѕирен мини-фустан со детали од феникс-птицата и со изрез од страната. Секси фустанот остави малку на имагинацијата.

Родригез, кој в четврток ќе полни 42 години, беше облечен во син костум и бела кошула без вратоврска.

Вљубените птици, во друштво на пријателите и семејството, не можеа да ги симнат очите и рацете едeн од друг за време на забавата.

На интернет беа поставени бројни видеа од прославата каде што двојката танцува и ја пее „Слатка Каролина“.

Happy Birthday to Us!!! #leos 🇩🇴🇵🇷 #305

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top