Македонскиот пливач Андреј Стојановски и во третиот настап избори финале на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција.
Во квалификациите на 1.500 метри слободно, Стојановски го освои 8. место со време од 17:14.24 минути со кое обезбеди пласман во утрешното финале во оваа дициплина.
Македонскиот репрезенаттивец имаше успешни настапи и во претходните две дисциплини. Во финалето на 400 м мешано, Стојановски го освои 4. место, а во финалната трка на 400 м слободно заврши на 5. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.