| четврток, 6 декември 2018 |

Почина претепаниот охриѓанец

Охриѓанец попладнево бил претепан до смрт по физичка пресметка со сограѓани. Според првичните информациите на физичката пресметка и претходела расправија, по што се вмешал синот на едниот од учесниците во тепачката и до смрт го претепал својот сограѓанин.

Инцидентот се случил пред локална продавница, на улица „Будва“ во населбата „Радојца Новичиќ“ во Охрид.

Од СВР Охрид велат дека полициски екипи се на местото на настанот, а увидот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top