| четврток, 6 декември 2018 |

Алиоски почна да ги тресе противничките мрежи во дресот на Лидс (видео)

Езџан Алиоски во третиот натпревар го постигна и својот прв погодок во дресот на Лидс јунајтед, откако се запиша меѓу стрелците на денешниот пријателски дуел со шпанскиот прволигаш Еибар.

Македонскиот ас влезе во игра во второто полувреме, при негатива на својот тим од 0-3, за неполни 30 минути подоцна да се запише меѓу стрелците, намалувајќи го резултатот на 2-3.

Лидс на крајот претрпе пораз од 2-4, но Алиоски како и на претходниот меч со Борусија Менхенгладбах повторно беше меѓу најдобите во својот тим, во периодот што го мина на теренот.

Лидс јунајтед без победа (два порази и едно реми) ги заврши подготовките во Австрија и се враќа назад на „островот“, каде Алиоски и соиграчите ќе ги продолжат подготовките за новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top