Вицепремиерот Бујар Османи залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале Зоран Заев за генералниот реизбор на судии што планира да го реализира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на вицепремиерот Османи.
„Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во 1997 година кога во една минута промени 617 судии. Оваа криминална акција Заев и СДС сакаат да ја спроведат за да нема ниту еден судија кој ќе го гони лидерот на СДС за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица. Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции“, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека советот за реформи на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)