| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс е тениска велесила, го освои 16. гранслем турнир

Серена Вилијамс е тениска велесила, а со победата во финалето на Ролан Гарос против Марија Шарапова ја освои 16. гранслем титула во кариерата. Учинок за респект, особено начинот на кој стаса до триумф во Париз.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Шарапова се обиде да одговори, да се спротивстави на моќната противничка, но немаше силен адут, па Вилијамс славеше со 6-4, 6-4. Таа сега има 31 победа во серија, и го крена вториот пехар на Отвореното првенство на Франција, прв по пауза од цели 11 години.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Американката останува на врвот на светската ранг-листа, а како игра, таа е број 1 фаворит и за триумф на Вимблдон. Турнирот во Лондон апсолутно одговара на нејзиниот стил, на силните сервиси и удари, бидејќи се игра на побрза подлога, на трева.

Шарапова не успеа да го одбрани трофејот на Ролан Гарос, ниту да ја намали огромната разлика против Серена Вилијамс во меѓусебните средби. Билансот е 14-2 за новата шампионка во Париз.

Утре се игра машкото финале, меѓу Шпанците Рафаел Надал и Давид Ферер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top