Италијанскиот шампион синоќа одигра пријателски меч во САД против Барселона кој каталонците го добија со резуултат од 2-1. Бразилецот Нејмар ги даде двата гола за каталонскиот гигант во првиот дел, а особено атрактивен беше вториот погодок. Бразилецот буквално помина петмина дефанзивци на Јувентус и го матираше Џиџи Буфон. За тимот на Јувентус стрелаше Џорџо Киелини по еден корнер од десната страна.
Нејмар на овој пријателски натпревар покажа зошто Пари Сен Жермен е подготовен да плати неверојатни 222 милиони евра за трансфер, а во наредните денови сигурно ќе биде во центарот на вниманието заради неговото наводно заминување од Барса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)