Години наназад во медиумите од соседството се провлекува темата за вонбрачниот син на пејачот Мирослав Илиќ кој тој се уште не сака да го признае. Тој се вика Девин и веќе одамна живее во Америка со својата мајка Мирјана Антоновиќ која јавно се бори за тоа преку ДНК тест да се докаже татковството на српскиот пејач, тест од кој Илиќ упорно бега.
Поранешната партнерка на пејачот неодамна преку Фејсбук упатиле порака дека овој пат со својот син ќе одат до крај за да се докаже дека Мирослав е негов татко.
– Јас молчев 22 години, се додека мојот син преку телевизија не дозна кој му е татко. Тој одлучи да се бори за своите права, чисто заради принцип. Немојте да заборавате дека јас бев со Мирослав кога немаше интернет, а тој само што ја започна својата кариера. Мене тоа ништо не ми значеше тогаш, како што не ми значи ни сега. Јас во тоа време бев и попозната и побогата од него. Со Мирослав живеевме заедно 3 години. Бидејќи тоа го знаеше цела естрата, тој никогаш тоа го нема негирано. Бидете сигурни, Девин ќе ги оствари своите права, без разлика на тоа дали Мирослав ќе се согласи на ДНК тест или не. Ниту на него ова не му потребно, но ќе оди до крај заради принцип, но и бидејќи сака да им докаже на лушето колку е застарен овој закон, напишала Мирјана на Фејсбук на објавата на која прикачила и фотографија на која таа се бакнува со Илиќ додека била трудна со својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.