| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка одбележува годишнина од нападот на Брејвик: Да се сочува споменот! (Видео)

Норвешка денеска одбележа шестгодипнина од нападот во кој загинаа 77 луѓе, со ветување дека ќе го чува споменот на тие случувања и понатаму борејќи се против нетолеранцијата.

Комеморациите беа отворени во владиниот кварт во Осло, каде премиерката Ерна Солберг рече „За нас 22 јули секогаш ќе биде дата поврзана со стравот, очајот и тагата“. Беше тоа и „ден кога нашите вредности беа ставени на опит“ и кога повторно бевме предупредени дека мора да се бориме за доверба, отвореност и различност, порача премиерката.

Солберг ја нагласи важноста од постоење на спомен- обележје и потреба да се пренесе сеќавањето на тоа што се случи.

Десничарскиот екстремист Андрес Брејвик е осуден на 21 година затвор во 2012 година за бомбашки напад во Осло и за пукање во кампот на младите лабуристи близу норвешкиот главен град. Тој претходно поставил бомба и близу владата, а потоа пукаше по младите на островот  Утоја. Таму загинаа 69 жртви, а најмладата имала 14 години.

Тоа беше најголемиот чин на насилство во Норвешка од втората светска војна.

Денеска попладне одржаа е комеморација и на островот Утоја.

Меѓу присутните на двете комеморации беа лидерот на лабуристите Јонас Гар Сторе и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во време на нападот беше премиер на Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top