| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Не ми треба чадор, не сум од шеќер! (видео)

Рускиот претседател Владимир Путин објасни зошто не земал чадор кога одненадеш заврна на церемонијата на полагање венец на Гробот на нејзнајниот јунак на Денот на сеќавање и жалење.

-Прво, дождот почна одненадеж. Дождот ја има таа особина некогаш да доаѓа ненајавен- одговори Путин во центарот Сириус во Сочи. Тој сепак не смета дека тие што застанале под чадор дека го нарушиле протоколот.

Истакна дека не ни помислил да постапи поинаку, потсетувајќи дека војската во годините на Големата татковинска војна била присилена да се бори и дење и ноќе во сите временски прилики.

-Сметам дека тоа е нормално. Не сме од шеќер, нема да се стопиме- додаде Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top