Додека Зоран Заев и Никола Димитров криејќи го текстот од македонската јавност убедуваат дека Договорот за добрососедство со Бугарија е добар за Македонија, во Бугарија на големо се слави заевото ветување дека тој ќе се потпише и дека ги прифатил сите условувања.
Така, во најновите информации за тоа што содржи договорот, но и што всушност предизвикува, денеска се објавува дека Документот предвидува создавање на работна група за заедичка историја, во која ќе бидат вклучени луѓе од научната сфера, историчари и општествени дејци.
Меѓу работите кои Заев и Димитров сега ги кријат е дека „Тие (работната група на бугарски дејци) треба да се сретнат три месеци по ратификацијата на договорт и ќе следат дали ќе се продолжи да се објавуваат негативни текстови во македонските медиуми“. Република веќе објави дека Заев веќе подготвувал нему блиски „општествени дејци“ кои ќе го релативизираат договорот, но и дека преку новиот кабинет на министерот Роберт Поповски, таканаречената нопва „фабрика за вистината во медиумите“ ќе бидат пласирани вести со кои ќе се обидат да го „исперат“ договорот во јавноста.
Освен тоа, Бугарија има намера да го регистрира договор во ОН и со тоа да му даде обврзувачки карактер, додаваат медиумите, нагласувајќи дека од обврзувачкиот карактер на договорот, по потпишувањето нема повлекување.
Но тоа не е Вицепремиерката Екатерина Захариева, бугарската шефица на дипломатијата, тргнува на балканска турнеја, прво во Брлград а потоа во Тирана, каде ќе биде иницирано прашањето за признавање на бугарското малцинство. Во моментов во Албанија се прифаќа закон за малцинства а бугарското малцинство, како пишуваат бугарските медиуми, не било вклучено, но владата во Софија веќе донела мерки и ја забрзало постапката. И до сега Бугарија преку свои „научници“ како на пример етномузиколози се залага за побугарчување на македонското население во Албанија.
Сега по попусливиот приод на Заев и Димитров, кои со договорот се подготвуваат да ја избришат уставната обврска за грижа за македонците вон границите на државата, на Захариева и е олеснет патот до Тирана за да може наместо македонско, во пописот да биде заведено „бугарско малцинство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.