Пратеникот Антонио Милошоски му се обрати на својот колега пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев ,, Недостојно е што како пратеник од Охрид наместо да се залагате што повеќе средства за обештетување вие иронизирате дали пукната фасада или оштетен кров или гаража или соба или статика на куќае штета или не е штета’’. Милошоски понатаму истакна дека во градовите Охрид, Стуга и Ресен од природната непогода навистина е настаната штета и на граѓаните треба да им се помогне и да се обештетат. Општината Охрид веќе има направено увид и проценка на штетите за да се овозможи обештетување од штетите настанати по земјотресите.
Ако се има политичка воља истакна Милошоски новата влада со ребалансот ќе одели 2 милиони евра за обештетување на граѓаните на Охрид, Ресен и Струга. Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. ,,Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои што претрпеле штета од земјотрес’’ додаде тој. Овој амандаман за пратеникот Милошоски не е наменет за блокада или опструкција на буџетот тука е реакција на реалните проблеми на нашите сограѓани и ги засега сите дали припаѓаат на една друга или трета политичка опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)