| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип почна „Астибо џез фестивал“

Во Штип почна џез фестивалот „Астибо џез фестивал“, кој е под покровителство на Општина Штип. „Астибо џез фестивал“ годинава првпат се одржува под отворено небо во паркот Бриони, за разлика од минатите години, кога познатите светски музичари настапуваа на сцената во Домот на млади.

– Тоа што фестивалот неколку години го поддржува локалната самоуправа е јасен факт и потврда дека секогаш ќе има и време и пари за вакви важни манифестации. Впрочем, не секогаш имате музички настани низ земјава а на кои ви гостуваат славни џез имиња од Америка, Бразил, Германија, Турција итн. Културата, уметноста и музиката ќе бидат обележје на овој град, вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top