Реновирањето на Милан и понатаму продолжува. Новото раководство на „росонерите“ ова лето донесе речиси цел нов тим на „Сан Сиро“, но се планира и дополнително засилување на нападот. Португалецот Андре Силва од Порто пристигна во Милан, тука е се уште и Карлос Бака, но Винченцо Монтела размислува за сосема поинакви опции.
Диего Коста, напаѓачот на Челси, би можел да пристигне во Милан на шестмесечна позајмица, а потоа да се реализира неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб е подготвен да плати 44 милиони фунти, а Милан би одвоил одредена сума за да го користи до јануари.
Покрај тоа, Милан е во преговори со Никола Калиниќ, хрватскиот интернационалец од Фиорентина. За него се подготвува понуда вредна 33 милиони евра, и се чини дека „виолетовите“ на крајот ќе му дозволат да ја промени средината. Една од потенцијалните замени во Фиренца би можел да биде и македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.