| четврток, 6 декември 2018 |

Француска пејачка почина среде настап (ВИДЕО)

Француската пејачка Барбара Велден починала сред концерт, пишуваат француските медиуми.

Иако причината за смртта сè уште не е позната, неколку медиуми објавија дека доживеала срцев удар.

Триесет и петгодишната пејачка настапувала пред црква во малото село Гудрон, во југозападна Франција.

Полицијата објави дека ќе ги истражи околностите за смртта.

Оваа година Барбара го објави својот прв албум Le Grand H de l’Homme, а неодамна ја освои наградата за најдобар млад талент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top