Пет години вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство како докажан професионалец со највисоки признанија за да одеднаш добијам отказ без никаква причина и без никакво образложение, огорчена е самохраната мајка Катерина Матиќ, која минатата година го загубила сопругот, а пред неколку дена остана и без работа.
Во гостувањето на ТВ Нова таа вели дека уредно пријавила за нејзината картичка која била изгубена, а по извесен период добила нова картичка, меѓутоа отказот стигнал од нејзиниот сегашен директор без никаква најава, никакво предупредување или барање за нејзино произнесување.
– Тоа е мој колега со кој до вчера соработувавме и на кој што му бев претпоставена, како шеф на кабинет на претходниот директор и можеби треба и самиот да признае дека за време додека му бев претпоставена немаше никаков проблем во нашата комуникација, дури ни лично се немавме сретнато, посочи Матиќ.
Матиќ во интервјуто за ТВ Нова упати и апел кон сите здруженија коишто се занимаваат со заштита на правото на самохраните родители да не молчат, да го дигнат гласот за подобра иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)