| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Битката за Македонија е сведена на Хамлетовото „Да се биде или не“

Бу­џе­тот на ед­на др­жа­ва е неј­зи­но­то ли­це. Тоа зна­чи, ка­ков бу­џет ќе изра­бо­ти­те, та­ка ќе ве пер­ципи­ра­ат, пр­во гра­ѓа­ни­те во сопс­тве­на­та др­жа­ва, а по­тоа и прет­став­ни­ци­те на ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја (ЕУ), ве­ли Јо­ва­нов­ски

Со ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот пред­ви­ден за из­град­ба на Ан­тич­ки­от те­а­тар во Ску­пи, го­лем дел од средс­тва што беа на­ме­не­ти за про­е­ктот се уки­на­ти. Ста­ну­ва збор по­ве­ќе од 80 про­цен­ти од средс­тва­та и со тоа, фа­ктич­ки, ќе се за­пре из­град­ба­та на Ан­тич­ки­от те­а­тар во Ску­пи, кој по фи­нал­на­та ре­кон­струк­ци­ја би бил единс­твен об­јект од ва­ков вид не са­мо во зем­ја­ва, ту­ку и по­ши­ро­ко… Спо­ред Вас, ко­ја е цел­та на ва­кви­те по­стап­ки?

Јовановски: Бу­џе­тот на ед­на др­жа­ва е неј­зи­но­то ли­це. Тоа зна­чи, ка­ков бу­џет ќе изра­бо­ти­те, та­ка ќе ве пер­ци­пи­ра­ат, пр­во гра­ѓа­ни­те во сопс­тве­на­та др­жа­ва, а по­тоа и прет­став­ни­ци­те на ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја (ЕУ). Овие де­но­ви јав­но­ста има мож­ност низ оп­шти­от пре­трес за ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот да се за­поз­нае со „струч­но­ста“ на но­ви­от ми­ни­стер за фи­нан­сии. Не зна­е­ше да од­го­во­ри на ни­ед­но од по­ста­ве­ни­те пра­ша­ња во пог­лед на кра­те­ње­то на бу­џе­тот во си­те сег­мен­ти на оп­штес­тве­но­то жи­ве­е­ње на гра­ѓа­ни­те. Ко­га се ра­бо­ти за кул­ту­ра­та, ни­ка­де не­ма об­јас­ну­ва­ње зо­што се скра­те­ни средс­тва­та за Ан­тич­ки­от те­а­тар во Ску­пи и за дру­ги­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња. Освен во културата скратени се парите и за капитални инвестиции, се крати од студентите, од граѓаните… немаат ништо во интерес на граѓаните освен популистичките мерки за укинување на екстерното и дисперзираните студии. На нашите прашања зошто се крати немаат одговор, а во меѓувреме вработуваат партиски луѓе и „шарени“.

 

Всуш­ност, со ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот се скра­те­ни и средс­тва­та за ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на ло­ка­ли­те­ти­те низ др­жа­ва­та за по­ве­ќе од 70 про­цен­ти. Зна­чи ли ова де­ка Вла­да­та ќе ги за­пре ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња на ло­ка­ли­те­ти­те низ Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?

Јовановски: Тре­ба да го зе­ме­ме пред­вид фа­ктот де­ка во Ма­ке­до­ни­ја ка­де и да коп­неш ќе откри­еш исто­ри­ска ви­сти­на за по­сто­е­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­род и на не­го­ви­от иден­ти­тет. Со ог­лед на тоа кој стои зад но­во­то ве­штач­ки скро­е­но пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво и ко­ја е цел­та за кол­ку што е мож­но по­ит­но за­вр­шу­ва­ње на „ре­фор­ми­те“, то­гаш не тре­ба мно­гу за да се од­го­во­ри на пра­ша­ње­то: „Зо­што во сфе­ра­та на кул­ту­ра­та и на кул­тур­но­то нас­ледс­тво е ре­чи­си сѐ скра­те­но“.

Пред не­кол­ку де­на бев­ме све­до­ци на про­ме­на на ди­ре­кто­ри­те на Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја и на Те­а­та­рот за де­ца и мла­дин­ци со образ­ло­же­ние де­ка тие би­ле „под кон­тро­ла на Ни­ко­ла Гру­ев­ски“. Ка­ков е Ва­ши­от став за ова?

Јовановски: Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја поч­на со ра­бо­та пред точ­но пет го­ди­ни и не­кол­ку ме­се­ци. Од не­го­ви­от по­че­ток до де­нес ди­ја­го­на­ла­та на ко­ор­ди­на­тив­ни­от си­стем во смис­ла на ус­пеш­ност е кон­стант­но во на­гор­на ли­ни­ја од ле­во кон дес­но. Ди­ре­ктор­ка­та Је­ле­на Жу­гиќ за овој пер­и­од ус­пеа од но­во­фор­ми­ра­на ин­сти­ту­ци­ја што се по­ја­ви на те­а­тар­ско­то не­бо во на­ша­та др­жа­ва да на­пра­ви те­а­тар со ви­со­ко ре­но­ме ка­ко во на­ша­та др­жа­ва та­ка и над­вор, за што све­до­чат и мно­гу­број­ни­те на­гра­ди за прет­ста­ви во це­ли­на и за актер­ски ос­тва­ру­ва­ња. Ко­га ќе се пог­лед­не оваа би­о­гра­фи­ја на ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ и на ан­самб­лот на Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја вед­наш до­а­ѓа до израз по­го­вор­ка­та: „Пред фа­кти­те и Бо­го­ви­те мол­чат“. Образ­ло­же­ни­е­то де­ка ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ ги за­пи­ра­ла и ги за­ро­би­ла те­ков­ни­те про­це­си во од­нос на ра­бо­те­ње­то на те­а­та­рот не се ни­ка­кво оправ­ду­ва­ње де­ка го пра­ве­ла тоа. Единс­тве­но што др­жи во­да е нив­ни­от став де­ка е сме­не­та за­тоа што би­ла еден од по­а­ктив­ни­те чле­но­ви на ВМРО–ДПМНЕ.

 

Со сме­на­та на Жу­гиќ и на Ди­ми­тров и со по­ста­ву­ва­ње­то пар­ти­ски ка­дри се вр­ши пар­ти­зи­ра­ње на др­жа­ва­та. Има ли по­тре­ба од пар­ти­за­ци­ја во кул­ту­ра­та?

Јовановски: Чле­ну­ва­ње­то во ед­на или во дру­га по­ли­тич­ка пар­ти­ја со Устав му е за­га­ран­ти­ра­на на се­кој гра­ѓа­нин во РМ. Имај­ќи пред­вид де­ка нив­на­та те­за, ко­ја по­сто­ја­но ја спом­ну­ваа пред из­бо­ри­те и по нив, е де­ка ќе до­не­сат не­пар­ти­ски, про­фе­си­о­нал­ни и струч­ни ка­дри на раз­ни ди­ре­ктор­ски ме­ста во си­те ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­та, по­стру­чен и по­про­фе­си­о­на­лен од стра­на на ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ во од­нос на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја и не­го­во­то оп­сто­ју­ва­ње јас не знам да­ли во овој мо­мент мо­же да нај­дат. Се­кој тој што ќе го до­не­сат тре­ба од­на­пред да знае де­ка тре­ба да поч­не не­ка­де од „150“, па на­го­ре. Ова што ни се слу­чу­ва во др­жа­ва­та око­лу не­пар­тиз­мот, про­фе­си­о­на­лиз­мот и струч­но­ста во од­нос на име­ну­ва­ње но­ви лу­ѓе, поч­ну­вај­ќи од ми­ни­стри, па на­до­лу, е са­мо еден оби­чен по­ли­тич­ки памф­лет и по­пу­ли­зам, кој во СДС го има во изо­билс­тво. Со ова са­кам да ка­жам де­ка тие во­оп­што не раз­мис­лу­ва­ат за „Жи­вот“ во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку за смрт.

Во време на ВМРО се градеа театри, се инвестираше во истражувања, се финансираа изложби, беаиздадени десетици едиции книги со македонски превод, се снимија еден куп филмови… Сега новата влада сето тоа го крати. Се крати во основната дејност на културата. Скратени се пари за истражување, за конзервација, за филмови… За нови вработувања не станува ни збор.

 

Се­ко­ја ге­не­ра­ци­ја има сво­ја би­тка и сво­ја за­да­ча кон сопс­тве­на­та та­тко­ви­на. Ко­ја е нај­го­ле­ма­та би­тка на оваа ге­не­ра­ци­ја?

Јовановски: Жи­ве­е­ме во ед­но гно­јо­са­но вре­ме, ка­ко што ве­ли Хам­лет, и мис­лам де­ка би­тка­та, ако е би­тка, е све­де­на на збо­ро­ви­те што ги из­го­ва­ра Хам­лет: „Да се би­де или не“. Са­кам да ка­жам де­ка се­кој гра­ѓа­нин на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, кој е ви­стин­ски па­три­от, Ма­ке­до­нец, че­сен, хри­сти­ја­нин, тра­ди­ци­о­на­лист и за­штит­ник на бра­кот и на се­мејс­тво­то ка­ко ос­нов­на ка­те­го­ри­ја да­де­на од Бо­га, без ко­ја не мо­же да се има др­жа­ва, тре­ба да се спро­тив­ста­ви на ва­кво­то вла­де­е­ње, раз­не­би­ту­ва­ње и тр­го­ви­ја со др­жа­ва­та, со иден­ти­те­тот на гра­ѓа­ни­те, со ја­зи­кот и со сѐ што нѐ пра­ви по­себ­ни на оваа пла­не­та. Ако ги оста­ви­ме да про­дол­жат да вла­де­ат ва­ка, на­бр­зо ќе пре­ста­не­ме да по­сто­и­ме ка­ко на­род и ќе се пре­тво­ри­ме во „ци­фков­ци“, ка­ко што ве­ли го­ле­ми­от Ма­џун­ков во де­лот „Сен­ка­та“ од три­ло­ги­ја­та „Го­ле­ми­от смок“.

 

Разговараше: Не­ве­на По­пов­ска
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Крсте Јовановски е објавено во 255. број на неделникот Република, 21.07.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top