Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин. Обидот за атентат врз Никола Тодоров беше чин кој беше поттикнуван со години. СДС и невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и подгреат атмосферата до момент во кој некој ќе им поверува и ќе одлучи да пролее крв. Нема земја во светот во која што не починал пациент, но тие сметаа дека со прогласувањето на Тодоров за масовен убиец ќе успеат да манипулираат со чувствата на болните, нивните блиски или оние кои загубиле некого – изјави денеска Крсте Јовановски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ на прес-конференција.
Според него таквата некрофилска политика имала една цел, а тоа е да се предизвикаат крвави конфликти по улиците какви што најавуваа и новиот министер Едмонд Адеми, Зоран Заев и Зоран Верушевски.
– Јасно е дека атентаторот не се одлучил сам да го стори убиството токму на првиот ден од доаѓањето на Зоран Заев на власт. Органите на прогонот мора да утврдат и кој му го дал пиштолот за да го стори криминалниот акт. Органите на прогонот мора да побараат одговорност од сите оние кои го поттикнуваа и помагаа атентатот и сеуште даваат поддршка на крвавите пресметки. Молкот е неприфатлив. Не смее да се молчи и за подметнатата бомба во семејната куќа на пратеникот Антониjо Милошоски. Не смее да се молчи ниту за демолирањето на автомобилот на Гордана Јанкулоска. Доколку Министерството за внатрешни работи наскоро не ги изведе виновниците пред лицето на правдата ќе биде повеќе од јасно кој стои зад овие крвави пресметки. Јавноста веќе гледа на каков начин антиреформската влада ќе врши дефокус наместо да се посвети на ветувањата кои ги даваше – изјави Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.