Пратеникот Крсте Јовановски преку Фејсбук упати понуда до потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Ќе поддржиме да биде и вицепремиер, само да не го прифаќа предавничкиот договор, пишува Јовановски.
– Понуда за Рада: Едно е да преговараш и да се обидуваш да најдеш најповолно решение во интерес на граѓаните и државата, а друго е ова што таа и Зоран Заев го прават, ја продаваат државата на граѓаните само за фотелја. Предлогот е и до Рада, нека биде вицепремиер или што и да наумила, ќе ја поддржиме само нека не го прифаќа предавничкиот договор. Ќе се согласиме и државата да и плаќа дополнителни 10.000 евра месечно за станот во кој што си живее, само да не ја продаваат државата. Ајде Радо, ти си на потег, пишува Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јовановски: Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше во афект
-
Јовановски: На аболираниот Заев поважна му е поддршката на Села, отколку националните интереси
-
Крсте Јовановски со поддршка „За заедничка Македонија“: Бројката на граѓани на протестите ќе биде сѐ поголема
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината