Францускиот претседател Франсоа Оланд од Токио порача дека должничката криза во еврозоната завршила, но предупреди дека треба да се преземат чекори за стимулирање на растот во единствената монетарна унија како и да се подобри конкурентноста. Според Оланд, потенцијално деструктивната должничка криза послужи да ја „зајакне“ Европа и да поттикне поголема интеграција на 17те економии кои го користат еврото.
Во таа насока ги спомена алатките за поголема стабилност и солидарност, како „банкарски сојуз” и буџетски правила.
“Што треба да се разбере тука во Јапонија е дека кризата во Европа е завршена. И дека можеме да работиме заедно, Франција и Јапонија, да отвориме нови врати за економски напредок”, рече тој во говорот во Кралскиот хотел организиран од Никеи, главниот финансиски весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.