| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Стојановски во финалето на Олимписките игри!

Македонскиот пливач Андреј Стојановски се пласира во финалето на 400 метри слободно, на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција.

Во претпладневните квалификации, Стојановски го освои четвртото место во оваа дициплина со време од 4:11.90 минути и обезбеди пласман во финалето, кое е на олимписката програма денеска со почеток од 16 часот.

Стојановски на Олимписките игри во Самсун ќе плива во уште две дисциплини. Утре го очекува настапот во трката на 400 метри мешано, а на 24 јули ќе плива на 1.500 метри слободно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top