Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска на „Фејсбук“ објави промотивно видео, кое има цел да ги промовира убавините на Скопје, но и да ги информира туристите што ќе го посетат градот за време на одржувањето на Суперкупот.
Градот Скопје е подготвен за одржувањето на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На овогодинешниот Суперкуп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик, чијашто цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје, пишува Трајановски на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)