Алваро Мората го напушти тренинг кампот на Реал Мадрид во Лос Анџелес и со првиот авион се пресели во Кина, каде што неговиот нов клуб Челзи се подготвува за новата сезона. Од доцна синоќа кога „сините“ од Лондон го официјализираа трансферот на младиот напаѓач, Мората стана најскапоплатен шпански фудбалер на сите времиња.
Мората се поздрави со Зидан и поединечно со сите фудбалери на „кралскиот клуб“ и овој пат засекогаш го напушти својот матичен клуб. Претходно Мората мина две сезони на позајмица во Јувентус, но и по враќањето во Мадрид не доби максимална доверба кај Зидан.
Алваро Мората освои една шпанска и две италијански титули, два Купа на Италија и две титули од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)