На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, посочи дека новата влада предводена од СДС со ребалансот на буџетот за 2017 година, направила се освен развоен буџет, затоа што буџетот ги нема сите оние развојни компоненти, кои буџетот го прават развоен.
– Основните параметри кои буџетот го прават развоен вие ги скративте, односно наместо да ставите акцент на стопанството, приватниот сектор преку капиталните инвестиции, вие кратите 78 милиони евра токму од капиталните инвестиции и тоа говори за вашата несериозност, односно покажува дека не сакате да имате развој во идниот период, посочи Затуровска.
Таа додаде дека не можеме да кажеме дека СДС го стимулира градежништвото, кога сите капитални проекти кои се градат во моментот тие ги стопираат, заради нивни банални причини, поради наводни грешки во проектната документација. Според неа, тоа го покажува нивното тотално не знаење, како да реализираат еден капитален инфраструктурен проект.
– Вие немате капацитет тие инфраструктурни прооекти да ги завршите, па такви проблеми при градење постојано ќе се појавуваат на такви големи проекти. Не може проект на експропријација да биде проблем за нереализирање на еден инфраструктурен проект. Тие проблеми решаваат тековно, истакна Затуроска.
Таа потенцираше дека кога се прави еден буџет акцентот се става врз капиталните инвестиции и немасто да измислуваат топла вода, СДСМ требаше да види како претходната гарнитуара на чело со Зоран Ставревски ги правеше ребалансите кои секогаш на крајот излегуваа спрема параметрите кои беа поставени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)