Шпанскиот весник, „Марка“ денес јавува дека е постигнат догoвор за преселбата на Алваро Мората во тимот на Челси. Се работи за трансфер вреден 70 милиони евра, кој ќе биде официјализиран кога ќе се договорат деталите.
Се очекува Мората многу брзо да ја напушти екипата на Реал Мадрид, која моментално се наоѓа во Лос Анџелес е на подготовки за новата сезона.
Доколку овој трансфер се оствари, многу е веројатно дека Диего Коста уште ова лето ќе си замина од „Стенфорд Бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.