| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава драма во Калифорнија

Calif School ShootingВооружен маж убил шестмина во Санта Моника, Калифорнија, пред полицијата да го застрела.

Според полицијата, белец меѓу 25 и 30 години, вооружен и со панцир на себе, убил две лица во куќа која била опожарена, застрелал уште двајца на патот кон кампусот на колеџот и уште двајца во колеџот. Потоа влегол и пукајќи во библиотеката на колеџот но за среќа не успеал да убие никого. Полицијата иако трагала по соработник, тврди дека напаѓачот дејствувал сам.

Индикативно, според американските медиуми , е што претседателот Обама на само неколку километри учествувал на добротворен собир. Полицијата исклучува поврзаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top