| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден награден фонд на УС опен, победниците ќе инкасираат по 3,7 милиони долари

Вкупниот награден фонд на годинашниот УС Опен ќе биде зголемен и за прв пат ќе ја надмине границата од 50 милиони долари што е за 10 проценти повеќе од минатата сезона (46,3 милиони). Тоа ги зголемува и наградите за победниците на американскиот гранслем.

Американската тениска федерација соопшти дека шампионите на УС Опен во машка и во женска конкуренција во сингл, годинава ќе заработат рекордни 3,7 милиони долари. Минатогодишните победници во поединечна конкуренција, Стanислас Вавринка и Анжелик Кербер, имаа награди од по 3,5 милиони долари.

Финалистите на годинашниот УС Опен ќе инкасираат по 1,825 милиони долари, што е исто така зголемување во однос на ланските 1,75 милиони.

Шампионите во дубл, во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 650.000 долари, а тенисерите што ќе загубат во првото коло на американскиот гранслем, ќе заработат по 50.000 долари што е за 6.700 долари повеќе во однос на претходната година.

Годинашниот УС Опен почнува на 28 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top