| четврток, 6 декември 2018 |

Половина град се претвори во пепел-снимката од воздух покажува колку е Сплит изгорен(видео)

По катастрофалниот пожар во Сплит во градот ќе биде прогласена елементарна непогода, а откако ќе заврши полицискиот увид ќе се започне и со проценка на штетите.

Жителите на Сплит се жалат дека имаат проблеми со дишењето – но од цивилната заштита на Сплит тврдат дека немам опасност за животот и здравјето на луѓето.

– Штетите ќе бидат огромни ќе се обидеме да ја надоместите штетата на секој граѓанин . Сите доживеавме голем шок. Се случи пожар кој никогаш во вакви размери не го погодил Сплит. Причините за сиптомите на кои се жалат жителите можат да се различни – но нема опасност по животот и здравјето на луѓето- вели заменик градоначалникот на Сплит и шефот на цивилната заштита, Нино Вела.

Според информациите на Заводот за јавно здравје параметрите за мерење на квалитетот на воздухот покажале дека се во рамките на дозволените граници. Според заменикот градоначалник, не може да се бара одговорност од надлежните за опасноста во која се најде градот бидејќи на терен биле ангажирани сите расположливи екипи.

– За ваква стихија, малку се системите кои можат максимално да бидат подготвени..на ваков терен, сув, и силен ветер истовремено, ни недостигаа пожарникари. На секоја куќа требаше да има по неколку пожарникари, а тоа беше невозможно. Во моментот кога дознавме дека има пожар на терен беа сите пожарникари и сите возила што ги имаме. Со војската лично дојде и потпретседателот на владата- изјавил Вела, кој додал дека токму поради надчовечкиот ангажман на војската немало човечки жртви.

Министерот за одбрана синоќа си поднесе оставка но премиерот Пленковик најави дека оставката нема да му биде прифатена бидејќи се направило се што се можело во вонредните околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top