
Трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан едноставно предизвика фудбалски „земјотрес“ на Апенините, но како што беше најавено уште при реализацијата на оваа зделка, овие два клуба сега постигнаа договор за трансфер во спротивен правец.
Јувентус и Милан конечно се договорија за трансфер на Матиа Де Шилјо кој веќе извесно време најавуваше заминување од „Сан Сиро“, а италијанските медиуми информираат дека висината на зделката изнесува 12 милиони евра.
„Старата дама“ на овој начин барем малку го возврати ударот за она што го загуби во централниот дел од одбраната, а дека трансферот е веќе завршената работа најдобро ни докажаа видеата кои се појавија од пристигнувањето на Де Шилјо на медицински прегледи во Торино.
Од овој трансфер дефинитивно најсреќен ќе биде тренерот Масимилијано Алегри, кој веќе неколку месеци постојано инсистираше на ангажманот на Де Шилјо со кого соработуваше за време на својата етапа во Милан.
De Sciglio has arrived for his Juventus medicalpic.twitter.com/wrOp3V8ueD
— Milan Eye (@MilanEye) July 19, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


