Младинската ракометна селекција на Македонија вчера ја израдува нацијата, откако триумфираше на премиерниот настап на едно Светско првенство. Со 29-22 беше совладана селекцијата на Русија, а еден од најдобрите поединци кај селекторот Темелковски беше голманот Мартин Томовски.
– Отворивме лошо, дел од играчите или беа во грч или беа повеќе возбудени. Иако одигравме добра одбраната соиграчите немаа поддршка од нас голманите. Сепак, во вториот дел се консолидиравме и најдовме заеднички јазик. Мислам дека мотивацијата од клупата и стручниот штаб делуваше позитивно на нас. Во второто полувреме одигравме далеку поангажирано и ги реализиравме сите зицери. Во тој период поддршка дадовме ние голманите, што на крај резултираше со висока победа. Имавме мал притисок дека мораме да ја добиеме Русија и тоа се случи, ја остваривме нашата прва цел – изјави Томовски
Токму младиот голман беше еден од клучните ракометари за пресвртот во вториот дел. Во моментите кога нашата репрезентација имаше негатива од 3 гола, неговите одбрани во серија како да му дадоа крилја на Талески, Кузмановски и Палески, кои во тој момент не знаеја за промашување. На крај Томовски запиша 10 одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)
-
Турчинот Гулиев е наследникот на Усеин Болт (видео)
-
Вечерва ја бодриме Македонија: Кошаркарите против Косово ги започнуваат квалификациите за СП