| четврток, 6 декември 2018 |

Парк Аеродром: Во минатото депонија, денес сосема поразлична слика (галерија+видео)

Школка од авион што била дел од Првата или од Втората светска војна поставена на осветлена импровизирана писта долга стотина метри го краси кејот во Аеродром, во правец од мостот „Близнак“ кон Ново Лисиче. Импровизираното аеродромско катче е осветлено со канделабри. Вака денес изгледа паркот „Аеродром“ во оваа скопска општина.

Но, старите скопјани го паметат ова место како вистинска руина. Фотографиите од минатото до кои дојде Скопје Инфо дополнително сведочат за ова сеќавање:

Денес сликата е многу поразлична. Станува збор за зелен парк кој се простира на 35.000 квадратни метри и кој содржи детски игралишта, пешачки патеки, осветлување со канделабри низ целиот парк, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема и секако многу зеленило, кое ќе се наводнува со автоматски систем за наводнување. Кон паркот ќе се пристапува од страната на булеварот „АСНОМ“ и од велосипедската патека на кејот. Двата шанкови изградени покрај пистата, како и бесплатниот интернет придонесуваат скопјани буквално да уживаат во овој простор. Централно место во паркот имаат двете импровизирани писти и школката на авионот „Lockheed T-33“.

Младите, но и повозрасните со задоволство го посетуваат и уживаат на ова место. Еве како денес изгледа паркот „Аеродром“:

извор:скопјеинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top